3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСлим го зголемува уделот во Телеком Австрија

Слим го зголемува уделот во Телеком Австрија

karlo slime

Мексиканскиот милијардер Карлос Слим, по маратонски преговори со австриската влада, постигнаа договор за преземање на ефективна контрола на Телеком Австрија.

По потпишувањето на акционерскиот договор со државниот холдинг, компанијата „OeIAG“ со која двата партнери заедно стекнаа мнозински удел во Телеком Австрија, компанијата на Слим, „Америка Мобајл“ соопшти дека за купување на преостанатиот удел во австриската компанија ќе понуди 7.15 евра по акција.

Благодарејќи на новиот договор, компанијата на Слим направи пробив во Европа, бидејќи настојуваат да го прошират работењето надвор од Латинска Америка, а од „Америка Мобајл“ соопштија дека со милијарда евра ќе го докапитализираат Телеком Австрија.

„Овој договор нуди основа за иден раст, натамошни иновации и солидни инвестиции во Телеком Австрија“, изјави извршниот директор на „Америка Мобајл“, Даниел Хаџ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП