4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСтапката на невработеност во Шпанија намалена на 25,73 проценти

Стапката на невработеност во Шпанија намалена на 25,73 проценти

spanija_1368724442_670x01jnfyr7

Стапката на невработеност во Шпанија е намалена во последниот квартал од 2013 година од 26,03 проценти на 25,73 проценти, соопшти денес Националниот завод за статистика ИНЕ.

Во соопштението се наведува дека стапката на невработеност сега се споредува со извештаите од 2011 година, а не според податоците од 2001 година.

Според новиот начин на пресметки, намалена е и стапката на невработеност регистрирана од почетокот на кризата во 2008 година.

Стапката на невработеност минатата година остана на рекордното ниво без оглед на оваа корекција. Во првиот квартал, според новата пресметка, невработеноста изнесуваше 26,94 проценти, наместо 27,16 проценти, колку што изнесуваше според претходните пресметки.

Во вториот квартал таа изнесуваше 26,6 проценти, а во третиот 25,65 проценти, пренесува агенцијата АФП.

Институтот наведува дека податоците за стапката на невработеност во првиот квартал од оваа година, кои ќе бидат објавени на 29 април, ќе бидат утврдени според новите пресметки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП