20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВенгер останува и добива 70 милиони за засилувања!?

Венгер останува и добива 70 милиони за засилувања!?

venger

Арсен Венгер ќе остане на челото на Арсенал и ќе добие околу 70 милиони фунти за засилување на тимот во текот на летото, пишува „Мirror“.

На три круга пред крајот на Премиер лигата , „топџиите“ имаат 70 поени со кои го заземаат четвртото место во генералниот пласман. Тоа им дава право на учество во Лигата на Шампионите во следната сезона. За оваа позиција исто така се бори и Евертон, кој има 69 бодови.

Венгер се надева дека неговиот тим ќе ја задржи предноста пред ривалот, како и да го освои Купот на Англија.

Според информациите раководството на „топџиите“ веќе се договорило со 64- годишниот стратег за финансирање со 70 милиони за нови играчи во летниот прозорец.

Една од трансфер целите на Арсенал е напаѓачот на Баерн Минхен, Марио Манџукиќ. Се очекува Венгер да ја објави официјално својата одлука за продолжување на соработката со клубот по финалето на Купот, кое ќе се одржи на 17-ти мај.

Францускиот стратег е на чело на Арсенал од 1996-та година, а неговиот актуелен договор е до крајот на оваа сезона.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП