3 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАЛекција од младиот милијардер: Сами на себе сте си најголем непријател

Лекција од младиот милијардер: Сами на себе сте си најголем непријател

nikolasvudmanf46g464g4

Николас Вудман, милијардерот кој е извршен директор и основач на „GoPro“, вели дека неговиот најголем страв во животот е всушност тој самиот. Николас има 37 години и е еден од најмладите милијардери во светот. И не само тоа, неговите пари не се наследени туку се заработени од компанијата „GoPro“ која произведува додатоци за дигитални камери кои можат да се монтираат по целото тело и така да се снимат неверојатни видео снимки.

Интересно е тоа што на Вудман му пропаднале првите два бизниса, и фактот што тој по загубата се преселил кај своите родите и деноноќно работел со цел да ги врати долговите. Вудман секогаш отворено говори за своите обиди и грешки и со носталгија се присетува на времето кога бил толку сиромашен што живеел и работел во едно старо VW комбе.

nikolasvud15

Денес благодарение на популарноста на смешните видеа на „YouTube“, компанијата на Вудман заработува 500 милиони долари годишно. Имено, Вудман, сватил дека луѓето сакаат камера со која може да се снимаат самите себеси во сите можни ситуации и да го забавуваат целиот свет со нивните лудории. Вудман ја одбрал книгата на Дејвид Пресмен „Патентираj го тоа сам“ како своја најголема инспирација.

nikolasvud16

Вудман тврди дека неговиот најголем страв е токму самиот тој. Објаснува дека веќе ја научил најважната лекција во животот „Во приватниот живот, но и во деловниот, вие самите на себе сте си најголеми непријатели, или пак сте најголемите мотиватори…. Никој не може да ви наштети толку колку што можете самите на себеси да си наштетите“.

„GoPro“ е создадена кога Вудман сакал уред за да се снима себеси додека сурфа. На тој начин изградил прототип на нов вид на камера за носење работејќи 18 часа на ден.

Одлучен овој пат да успее, заедно со неговата сопруга успеал да собере средства купувајќи 600 морски школки и продавајќи ги низ Калифорнија. Со тие пари, и со уште 35.000 долари кои ги позајмил од неговата мајка, тој ја основал „GoPro“.

729_nicholas-woodman-620x349

Благодарение на неговата издржливост и непопустливост денес неговото богатство е проценето на 1,3 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП