8 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИАкционерите на Фејсбук тријат раце

Акционерите на Фејсбук тријат раце

fb dolari

Профитот и заработката на друштвената мрежа „Фејсбук“ во првиот квартал од оваа година значително пораснаа, а притоа ги надминаа очекувањата на „Волстрит“.

Резултатот е таков благодарејќи на порастот на приходите од рекламирањето од 82 проценти.

„Фејсбук“ соопшти дека во периодот јануари-март имале профит од 642 милиони долари или 25 центи по акција, во споредба со 219-те милиони долари во истиот период од минатата година.

Профитот пред одбивањето на каматите, данокот и амортизацијата изнесуваше 885 милиони долари или 34 центи по акција.

Според податоците на компанијата, приходот во истиот период изнесува 2.5 милијарди долари, што е за 71 процент повеќе во споредба со истиот период од 2013-та кога беше 1.46 милијарди.

Од „Фејсбук“ потврдија дека нивниот финансиски директор Дејвид Еберсман ќе ја напушти компанијата во која работи веќе пет години, а негов наследник ќе биде Дејвид Венер, сегашниот потпретседател на компанијата за корпоративни финансии и деловно планирање.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП