4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОланд го решава проблемот со невработеноста со вработување во јавниот сектор

Оланд го решава проблемот со невработеноста со вработување во јавниот сектор

Francois_Hollande_Betajhy675r

Бројот на вработени во францускиот јавен сектор во 2012 година е зголемен за 0,2 проценти на 5,5 милиони лица, соопшти Заводот за статистика Инсее.

Најголемиот раст на вработените во јавниот сектор во текот на 2012 година, кој изнесува 1,6 проценти, е забележан во општинските служби, потоа во државните институции еден процент и во здравствените установи 0,7 проценти.

Во француските државни институции во 2012 година беа вработени 2,4 милиони лица, во општинските служби 1,9 милиони, а во државните здравствени установи 1,1 милион лица.

Новиот премиер на Франција Мануел Валс најави план за заштеда на 50 милијарди евра, кој подразбира замрзнување на платите и бонусите на вработените во јавниот сектор.

Претходната влада на Никола Саркози во текот на својот петгодишен мандат ја намали државната администрација за 150.000 работници.

Растот на државната администрација особено беше изразен во 80-тите години, кога дури 20 проценти од вработените Французи работеа во државните установи, за таа бројка во 2008 година да се стабилизира.

Бројот на вработени во јавниот сектор во 2009 година повторно порасна за 0,4 проценти, а во 2010 и 2011 беше забележан минимален пад.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП