29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИМишелин забележа поголема продажба, но помали приходи

Мишелин забележа поголема продажба, но помали приходи

Michelin-Man1

Францускиот производител на автомобилски гуми „Мишелин“ во првиот квартал од оваа година оствари приходи од продажбата во вредност од 4.8 милијарди евра, што е пад од 2.4 проценти.

И покрај зголемениот обем на продажба од 3.4 проценти, приходите се намалија поради негативниот ефект на девизните курсеви и притисокот на цените, се додава во соопштението од компанијата кое беше пренесено од француските медиуми.

Кога ќе се исклучи ефектот на курсевите, произлегува дека приходите се за 2.5 проценти поголеми отколку во истиот квартал од минатата година.

„Мишелин“ за тековната деловна година сепак го задржува отпимизмот, очекувајќи раст на оперативниот профит и слободно готовинско зголемување за 500 милиони евра во однос на минатата година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП