27 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАГенијални лекции за претприемачите

Генијални лекции за претприемачите

geniji_glavna

Генијалните луѓе како Алберт Ајнштајн, Леонардо да Винчи и Бенџамин Френклин, не биле само интелигентни туку биле и исклучителни претприемачи. Успехот кој тие го постигнале, денес е инспирација за сите упорни и креативни луѓе. Секој во својата сфера на интерес бил подеднакво успешен. Но, нивната работа не е производ само на брилијантниот ум, туку и на напорната работа и неверојатната упорност. Ова се лекциите кои тие им ги оставија на генерациите кои дојдоа по нив:

Бидете љубопитни и постојано поставувајте прашања

„Не размислувајте зошто поставувате прашања, едноставно не престанувајте да ги поставувате. Не се грижете за прашањата на кои не можете да одговорите и не се обидувајте да го објасните тоа што не можете да го знаете. Љубопитноста сама по себе е објаснување. Обидете се да разбирате се повеќе секој ден“, Алберт Ајнштајн.

Мора да бидете љубопитни, постојано да се преиспитувате и да барате одговори, бидејќи тоа е единствениот начин својата креативност, своите иновации и идеи да ги спроведете во дела.

Развијте самоконтрола

„Нема поголема вештина од вештината да владеете самиот со себе“, Леонардо да Винчи.

Денес постојат многу работи кои ви го одземаат вниманието од стапувањето во акција и постигнувањето на полн потенцијал: социјалните мрежи, забавата, пријателите, семејството. Не се сите лоши, но неопходно е да воспоставите самоконтрола со цел да го постигнете врвниот резултат.

Учете преку пракса

„Кажете ми и јас ќе заборавам. Научете ме и јас ќе запомнам. Влучете ме во работата и јас ќе научам“, Бенџамин Френклин.

Највредното знаење кое може да се стекне е она во праксата. Погрешно е да се мисли дека овој дел од патот кон успехот може да се прескокне. Најдобро е да пронајдете ментор, кој веќе поминал низ она што вас ве чека и од него да ги научите сите потребни вештини.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП