4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСловенија и Хрватска со најголем раст на јавниот долг во ЕУ

Словенија и Хрватска со најголем раст на јавниот долг во ЕУ

NOvcicjhg56

Хрватска и Словенија забележаа најголем раст на јавниот долг во последниот квартал минатата година, покажаа најновите податоци на Еуростат.

Јавниот долг на Словенија изнесува 62,6 проценти од БДП, додека во Хрватска тој изнесувал 61,9 проценти од БДП.

Од 28 земји членки нa Европската унија, десет имаат буџетски дефицит поголем од три проценти, а 16 имаат јавен долг поголем од 60 проценти од БДП.

Иако словенечкиот и хрватскиот јавен долг во моментов најбрзо растe во ЕУ, сепак најголем јавен долг има Грција, тој изнесува 175,1 проценти од БДП, Италија 132,6 проценти од БДП како и Португалија, Ирска, Кипар и Белгија каде јавниот долг е над 100 проценти од БДП.

На крајот на 2013 година според податоците на Еуростат, најголем дефицит во ЕУ имала Словенија и тоа 14,7 проценти, зад која следи Грција со 12,7 проценти, додека Хрватска со 4,9 проценти буџетски дефицит го дели седмото место со Португалија.

Европската комисија во декември минатата година прогнозираше дека дефицитот во Хрватска во 2013 година ќе изнесува 5,4 проценти, а во 2014 година 6,5 проценти, поради што и порача на Хрватска да го намали дефицитот оваа година на 4,6 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП