28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНето профитот на Boeing намален за 13 %

Нето профитот на Boeing намален за 13 %

A

Нето профитот на американскиот „Boeing“ во првиот квартал од оваа година се намали за 13 проценти, на годишно ниво, на 965 милиони долари, се наведува во извештајот на компанијата.

Приходите на „Boeing“ истовремено се зголемени за осум проценти, на 20,47 милијарди долари, додека експертите прогнозираа 20,2 милијарди долари.

Приходите по акција се зголемени за два проценти на годишно ниво, на 1,76 долари, пренесуваат агенциите.

Компанијата во првите три месеци од оваа година продаде 161 авион, во однос на 137 во истиот период минатата година, кога беа запрени испораките на „Дримлајнерот“ поради проблемите со батеријата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП