26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДолгот на Кипар зголемен на 111,7 проценти од БДП

Долгот на Кипар зголемен на 111,7 проценти од БДП

kipar1

Државниот долг на Кипар во 2013 година достигна 18,4 милијарди евра, што е еднакво на 111,7 проценти од БДП, објави агенцијата за статистика на Европската унија – Еуростат.

Во 2012 година државниот долг на Кипар, кој од пролетта минатата година се наоѓа во програмата за финансиска стабилизација на Европската унија (ЕУ) и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), изнесувал 15,3 милијарди евра, или 86,6 проценти од БДП.

Вкупниот обем на БДП на Кипар минатата година изнесуваше 16,5 милијарди евра, во споредба со 17,7 милијарди евра една година претходно, пренесува агенцијата Итар тас.

Државните приходи се зголемени во 2013 година на 40,3 проценти од БДП, во однос на 39,4 проценти во 2014 година. Државните расходи останаа непроменети, на ниво од 45,8 проценти од БДП.

Буџетскиот дефицит во 2013 година изнесувал 5,4 проценти од БДП или 897 милиони евра, додека во 2012 година тој изнесуваше 6,4 проценти или 1,1 милијарда евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП