20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЕриксон не ги оствари предвидувањата

Ериксон не ги оствари предвидувањата

ercssonn3

Шведскиот производител на опрема за телекомуникациски мрежи, „Ериксон“, во првиот квартал од оваа година оствари помал профит од очекуваниот. Но, бруто маржата била поголема од онаа која во просек ја предвидувале финансиските експерти.

Оваа шведска компанија во периодот јануари-март забележа оперативен профит (EBIT) во вредност од 2.6 милијарди шведски круни (286 милиони евра), додека консензусот на аналитичарите изнесуваше 3.5 милијарди круни.

Во исто време, приходите од продажбата изнесувале 47.5 милијарди круни, додека експертите предвидувале 51.8 милијарди.

Меѓутоа, во истиот квартал, овој шведски гигант забележа подобра бруто маржа од очекуваната или 36.5 проценти, наместо 34 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП