18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПад на профитот на швајцарскиот Schindler

Пад на профитот на швајцарскиот Schindler

Schindlerjkhy5rr

Еден од светските лидери во производството на лифтови, швајцарската компанија „Schindler“ во првиот квартал од оваа година забележа пад на нето профитот од 3,6 проценти во однос на истиот период една година претходно.

Во соопштението на компанијата се наведува дека нето профитот во првиот квартал од оваа година изнесувал 160 милиони швајцарски франци, пренесува АФП.

Прометот на компанијата, сепак, во наведениот период е зголемен за 3,4 проценти на 2,047 милијарди швајцарски франци.

Обемот на нарачки во извештајниот период е зголемен за 3,6 проценти на 2,442 милијарди франци.

Оперативниот профит е зголемен за 16,4 проценти на 355 милиони.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП