19 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕНајскапата храна во светот

Најскапата храна во светот

Иако ви пречи постојаното поскапување на цените, погледнете ја оваа листа со некои од најскапите јадења во светот

 

vanila1Ванила

Звучи чудно, бидејќи ванилата речиси сите ја користиме, но ванилата се продава 7 долари за 28 грама, што кога ќе пресметате не е воопшто евтино. Имено, потребен е долг период за нејзиното одгледување.

 

 

 

 

 

 

jubari1Јубари диња

Оваа диња расте само во Јапонија, таа таму важи за деликатес и статусен симбол, затоа не е чудно кога некој дава 26 илјади долари за едно парче од оваа диња. Но, оваа диња во Јапонија може да се купи и за 50-100 долари.

 

 

 

 

 

 

 

copi1Копи Лувак

Ова кафе се добива на посебен начин. Цибетката (животно)  ги јаде зрната од кафе, кои потоа поминуваат по нејзиниот дигестивен тракт, откако цибетката ќе ги изфрли зрната, тие се сушат и пржат. Во стомакот на цибетката, се наоѓаат ензими кои на кафето му даваат подобар вкус. 450 гр. од ова кафе чини од 100-600 долари.

 

 

 

 

 

matshutake1Матшутаке печурки

Иако овие печурки сга се произведуваат во целиот свет, оригиналната јапонска матшутаке печурка е тешко да се најде. Паразитите ја уништија почвата на која овие печурки се одгледуваат. Јапонците берат помалку од 1000 тони годишно, бидејќи цената на овие печурки е 2000 долари за килограм.

 

 

 

 

 

 

sir1Сирење од магарешко млеко

Ова полутврдо сирење се произведува од магарешко млеко. Магарешкото млеко е многу квалитетно, а сирењето кое се прави од него е најскапото сирење во светот, Неговата цена е 600-700 долари за 450 грама.

 

 

 

 

 

 

 

shafran1Шафран

Шафран е најскапиот зачин во светот, а се произведува од сушениот цвет на виолетовото цвеќе. Со само три цветчиња на едно цвеќе, потребни се повеќе хектари со цвеќе за производството на овој зачин, неговата цена изнесува 500-5000 долари за 450 грама.

 

 

 

 

 

 

tartufi1Бели тартуфи

Белиот тартуф е скап од повеќе причини. Тој е достапен само неколку месеци во текот на годината, во многу мал дел од Италија, а поради тоа што растат под земја, за нивното пронаоѓање се потребни обучени диви свињи или кучиња. Не можат да се размножуваат или одгледуваат вештачки. Во последно време многу е тешко да се пронајдат, а нивната цена изнесува 3,600 долари за 450 грама.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП