Германскиот таблоид „Bild“ ги објави резултатите од анкетата според која 81 процент од Германците сметаат дека евро кризата сеуште не поминала и дека во брзо време нема да помине.
Анкетата ја спроведе Институтот за истражување на јавното мислење ИНСА.
Истражувањето покажа дека само седум проценти од Германците веруваат дека кризата е веќе минато.
„За голем број на Германци евро-кризата не е минато и тој факт ќе влијае на гласачите на европските избори“, смета шефот на ИНСА Херман Бинкерт.
Германците со загриженост ја следат и ситуацијата во Грција – само 34 проценти од нив сметаат дека таа земја се наоѓа на правиот пат, а 39 проценти се убедени дека Атина не се труди доволно во спроведувањето на реформите кои на земјата ќе и обезбедат стабилна иднина.