28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИRWE ќе гради соларен парк во Британија

RWE ќе гради соларен парк во Британија

Solarpark-Nauroth

Германскиот производител на енергија „RWE“ најави изградба на соларен парк во Британија со моќност од 37 мегавати (MW), соопштија од компанијата.

„RWE“ се обидува да го прошири присуството во областа на обновливите извори на енергија.

Се очекува соларниот парк „Kencot Hill Solar Firm“, чија изградба е планирана на територијата на напуштениот аеродром во Оксфордшир (Англија), да биде приклучен на мрежата кон крајот на летото 2014-та и со електрична енергија да снабдува околу 100.000 домаќинства, стои во соопштението на „RWE“.

Оваа германска компанија, која ќе обезбеди финансиска и техничка поддршка, ја избра соларната групација „Conergy“ за изградба на соларниот парк, а кој по завршувањето на работата ќе биде продаден на компанијата „Foresight Solar Fund Limited“, која е во сопственост на британската компанија за управување со инфраструктурни средства „Foresight Group“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП