20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРешете ги овие светски проблеми и ќе бидете милијардер

Решете ги овие светски проблеми и ќе бидете милијардер

razmisljanje1398195309

Доколку го пронајдете клучот за решавање на глобалните проблеми од листата која ја состави „Business Insider“, веднаш ќе станете милијардер.

Научниците и инженерите веќе долго време се посветени на пронаоѓањето на решенијата за големите проблеми кои го мачат светот, меѓутоа за поголем дел од нив, тие сеуште не можат да го пронајдат клучот за целосно решавање, па оние кои што ќе успеат во тоа, ќе добијат и голема парична награда за нивниот успех.

1. Безжичен извор на енергија

Пронаоѓањето на начин како се околу себе да направите да биде ефикасно и да го претворите во извор на енергија е една од работите од која може да се збогатите. Долготрајните батерии мора да станат минато.

2. Интернет во зафрлените места од светот

Многумина ќе се согласат дека станува збор за еден од приоритетните проблеми. Единственото досега понудено решение е екстремно скапо и вклучува поставување на огромни нови инсталации, но постојат и други начини. Така, проектот „Loon” има само една единствена цел, а тоа е испраќањето на балони со обновлива енергија на работ од вселената, се со цел да се обезбеди интернет мрежа и во најоддалечените и зафрлени делови од светот.

3. Евтина соларна енергија

Намалувањето на трошоците на сировата соларна енергија може да се постигне на повеќе начини. Потребни се поевтини фотонапонски ќелии. Тие истовремено мора да бидат и многу ефикасни. Во овој момент сите се натпреваруваат во пронаоѓањето на начинот преку кој ќе ги обединат овие две барања, обидувајќи се да ги пронајдат материјалите и процесите кои што на луѓето ќе им овозможат да направат евтина и квалитетна фотонапонска ќелија.

4. Чист јаглен

Намалувањето на емисијата на јаглерод диоксидот за многумина е многу поважно од пронаоѓањето на обновлива енергија. Токму поради тоа, производството на чист јаглен некому може да му донесе милиони.

5. Таблети од кои навистина може да се ослаби

Станува збор за нешто што ќе биде светиот грал на модерното општество. Во 2012 година научниците од Универзитетот „UCLA” успеаа генетски да ги модифицираат мозоците на глувците. Тие живееја во „хиперметаболична” состојба и ги согоруваа калориите подобро од нормалните глувци. Воедно тие беа целосно отпорни на дебелеењето и останаа слаби, без оглед на висококалоричната исхрана и недостатокот на активност. Покрај сето тоа, тие имаа и нормален крвен притисок и не покажаа ризик за развој на срцеви болести или дијабетес.

6. Евтина десалинизација

Недостатокот од вода е еден од најголемите проблеми на денешницата. Постојките за десалинизација се покажаа како премногу скапи и неефикасни. Идеалниот вид на десалинизација би била онаа која што би се одвивала преку соларна енергија и која би користела само една петтина од количината на струјата која моментално е потребна за десалинизацијата.

7. Навремено предвидување на големите природни катастрофи

Прашањето кое редовно ја мачи светската заедница на сеизмолози е тоа дали некогаш ќе можат навремено да ги предвидуваат земјотресите. Станува збор за комплексен проблем. Без оглед на тоа што е возможно да се следи сеизмичката активност, сепак се уште никој и никогаш не успеал да предвиди земјотрес.

8. Поевтин меѓународен платен промет

Иако не станува збор за проблем кој директно ги погодува потрошувачите, надоместоците кои ги плаќаат институциите за испраќање на пари во странство би можеле да бидат помали. Дознаките исто така би биле многу поевтини доколку би биле испратени преку децентрализирана мрежа. Ова е проблем кој технологиите и иновациите како што е биткоинот се обидуваат да го решат.

9. Лозинки кои неможат да бидат хакирани

Хакерите досега успеаа да ја пробијат речиси секоја компјутерска заштита која постои. Мора да постои подобар начин за заштита на лозинките. Инженерите во моментот работат на тоа. „Google“  на пример, се обидува да пронајде начин нашите часовници, предмети или некои други делови од телото да бидат „клучот“ за влез во мрежата.

10. Смрт

Важи изреката дека смртта е единствената работа на светот која никој не може да ја совлада, но научниците работат на тоа да го продолжат животниот век на луѓето, колку можат повеќе. Американската научничка Синтија Кенион, успеала со своите експерименти на валчест црв, кој по старост е еквивалентен на 80 годишен човек, да направи да изгледа, да се однесува и да функционира како да е двојно помлад.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП