18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИOmnicom го зголеми кварталниот профит

Omnicom го зголеми кварталниот профит

Company_omnicom_1

Американската маркетинг компанија „Omnicom“, која е во процес на спојување со француската групација „Publicis“, во првиот квартал од оваа година оствари подобри резултати од очекуваните, благодарение пред се на доброто работење на домашниот пазар.

Во првиот квартал од 2014 година, „Omnicom“ оствари проходи во износ од 3,50 милијарди долари (2,53 милијарди евра), во однос на 3,39 милијарди во истиот период минатата година. Финансиските аналитичари очекуваа 3,48 милијарди долари приходи.

Нето профитот во извештајниот период изнесувал 201,4 милиони долари, додека во истиот квартал во 2013 година изнесувал 199,7 милиони долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП