7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДали Португалија е спасена?

Дали Португалија е спасена?

P

Делегацијата на инспектори на ММФ и Европската унија вчера пристигна во Лисабон за да ја обави последната проценка за финансиското здравје на Португалија.

Оваа земја која во наредниот месец најверојатно ќе го следи примерот на Ирска и ќе стане втората спасена членка на еврозоната која се подигна од работ на банкротот, би требало, според проценките на економистите, успешно да пројде на тестот од кредиторите.

Обичните граѓани, сепак, се жалат дека тие ќе продолжат да го носат товарот од радикалните мерки кои на Португалија и ги наметнаа ЕУ и ММФ во замена за кредитот од 78 милијарди евра, пренесува агенцијата Франс прес.

„Ова е последната контрола која мора да ни овозможи да ја повратиме нашата политичка и финансиска автономија“, изјави вицепремиерот на португалската влада Пауло Портас.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП