25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИShandong Airlines нарача 50 авиони од Boеing

Shandong Airlines нарача 50 авиони од Boеing

SHANDONG AIRLINES

Кинеската авиокомпанија „Shandong Airlines“ нарача 50 американски авиони од типот „Boеing 737“, објави денеска компанијата.

Нарачани се 16 модели на „Boеing 737-800“ и 34 типа од „737 MAX“, со вкупна цена од 4.64 милијарди долари, наведе регионалната авиокомпанија со седиште во источна Кина. Авионите треба да бидат испорачани меѓу 2016-та и 2020-та година.

„Shandong Airlines“ сега има флота од 74 авиони од кои 67 од „Boеing 737“, а планирано значително да ја прошири и до 2020-та година да има 140 летала, рече претседателот на компанијата Ма Чонгсијан.

Кина бележи вистински бум со регионалните авиокомпании и „Shandong Airlines“ користи значителен пораст во обемот на авиосообраќајот во земјата, кој порасна за 11.7 проценти во 2013-та година во однос на претходната година, со повеќе од 355 милиони превозници.

Самата компанија „Shandong Airlines“ минатата година забележа раст од преку 12 проценти по бројот на превезени патници, односно околу 14 милиони.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП