22 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРаст на прогнозите за францускиот економски раст

Раст на прогнозите за францускиот економски раст

francefran3090jec9uevw

Француската влада ќе ја зголеми прогнозата за економскиот раст за 2014 и 2016 година, додека прогнозите за 2015 година ќе бидат задржани на исто ниво.

Како што дознава весникот „Еко“, новата влада на Мануел Валс за време на утрешното претставување на програмата за стабилност ќе ја зголеми досегашната прогноза за економскиот раст за оваа година од 0,9 проценти на еден процент, а за наредната година ќе ја задржи проценката на истото ниво од 1,7 проценти, пренесува агенцијата АФП.

Прогнозите за 2016 година исто така ќе бидат зголемени од два на 2,25 проценти.

Новата програма за стабилност на француската влада има за цел намалување на буџетскиот дефицит до крајот на мандатот на актуелниот претседател Франсоа Оланд.

Претходната влада на Жан Марк Еро се заложи во Брисел дека до крајот на 2015 година ќе го намали буџетскиот дефицит на три проценти од БДП.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП