4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСветилките виновни за намалување на профитот на Philips

Светилките виновни за намалување на профитот на Philips

philips-Innovation-Hub-Africa

Нето профитот на холандскиот гигант во електронската индустрија „Philips“ во првиот квартал е намален за 15 проценти.

Овој пад е последица на слабото работење во повеќе нивни одделенија и се помалата продажба на светилки.

Нето профитот на компанијата опадна на 138 милиони евра од 161 милиони евра во истиот период од минатата година, додека приходите потона за 4.8 проценти или на 5.02 милијарди евра, се наведува во соопштението на компанијата.

На слабите приходи на „Philips“, како што се наведува во соопштението, влијание имале и трошоците од реструктуирањето на работењето, како и потешкотиите на пазарите во Русија и Кина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП