26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВлезот на „Филип Морис“ ќе го подигне квалитетот на тутунската индустрија

Влезот на „Филип Морис“ ќе го подигне квалитетот на тутунската индустрија

philipmorris12

Влегувањето на „Филип Морис“ во Тутунскиот комбинат Прилеп и потпишувањето на договорот за стратешко партнерство е повеќе од добро за тутунската индустрија во државата, сметаат од Стопанската комора на Македонија.

– Точни детали засега немаме, но доброто е тоа што Тутунскиот комбинат од Прилеп ќе функционира. Сметаме дека ќе се подигне квалитетот на повисоко ниво и ќе се отворат многу повеќе можности за Тутунскиот комбинат Прилеп, истакна Васко Ристовски од Стопанската комора на Македонија на денешната прес-конференција.

Според него, тутунската индустрија во државата е стабилна и покрај негативните трендови во светски рамки со Рамковната конвенција за контрола на тутунот која е закана за ориенталниот тутун.

Засега, вели Ристовски, не може да се зборува за тоа колкави би биле штетите по македонското производство на тутун доколку се укине или замени одгледувањето на ориенталниот тутун со друга култура.

– Не може да се зборува за конкретни бројки, можеме само да претпоставуваме. Ова што се случи со Светската здравствена организација ќе трае уште долго. Има голем број земји кои се против и ние успешно се спротиставуваме. Колкави би биле штетите зависи од тоа што ќе се случува понатаму, односно дали целосно ќе се укине ориенталниот тутун како адитив или ќе се оди на негова замена, подвлече Ристовски.

Тутунската индустрија во Македонија е една од позначајните во државата. Минатата година склучени се 42.367 договори за откуп на тутун, а извезени се 25.444 тони тутун со просечна цена од 6,1 американски долари по килограм со што е остварен девизен прилив од 155 милиони долари. Оваа индустрија учествува со 16 до 18 проценти во Бруто домашниот производ, а со околу 30 проценти го полни и Буџетот на државата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП