4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМедведев: ЕУ и е потребна на Русија

Медведев: ЕУ и е потребна на Русија

medvedev1599134041535648f85641e840980759_640x450

За Русија ЕУ останува значаен трговски и економски партнер, без оглед на санкциите на Брисел, и Москва нема намера да ги намали економските врски, изјави Дмитриј Медведев.

„Географската положба на Русија и нејзините историски врски ни даваат можност да соработуваме како со Западот, така и со Истокот. Нашиот најзначителен партнер денес е ЕУ. Ние нема да иницираме намалување на економските врски“, изјави премиерот на Русија.

Медведев изјави дека тоа е во интерес на Русија, бидејќи трговската размена изнесува 400 милијарди долари.

Ако Западот сепак започне со намалување на економската соработка, Русија ќе биде принудена да се сврти кон други пазари, со цел да ги минимизира загубите, додаде тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП