27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБројот на милијардери во Кина непрекинато расте

Бројот на милијардери во Кина непрекинато расте

milijarderi69946676753563f4c0068b048867658_640x480

Со 358 милијардери, Кина се приближува до водечките Соединети Американски Држави по бројот на луѓе сo најдебел паричник во светот.

Како што објави списанието „Huron Report“ во Глобалниот попис на најбогатите лица во светот во 2014 година, бројот на милијардери во Кина непрекинато расте, и од последниот минатогодишен попис, во елитното друшво со богатство поголемо од една милијарда долари, се приклучија уште 41 Кинези.

Кинеското радио „International“ наведува дека Ли Ка Шинг, деловниот магнат од Хонг Конг, се искачил на првото место на листата со најбогатите луѓе во Азија и Кина, со 200 милијарди јени (33,3 милијарди американски долари).

Ванг Јианлин претседател на повеќе компании и сопственик на „Galaxy Entertainment“ го зазема второто и третото место.

Бил Гејтс сеуште е лидер на Глобалниот попис со богатство проценето на 410 милијарди јени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП