2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУкраинската криза може да го преполови БДП на Германија

Украинската криза може да го преполови БДП на Германија

padinflacijandc3pu9gy4

Последиците од ескалацијата на кризата во Украина можат силно да ја погодат германската економија, покажаа резултатите од истражувањето на Институтот за светска економија во Германија.

Според Институтот, скромното намалување на извозот комбинирано со зголемувањето на цените на нафтата, би можело да го преполови растот на БДП на Германија во оваа година.

Експертите на Институтот во анализата поаѓаат од можните сценарија според кои германскиот извоз во Русија се намалува поради кримската криза за десет проценти, а покрај монетарните турбуленции опаѓа и извозот во Бразил и Индија и тоа за пет проценти.

Последиците од кризата ќе го намалат растот на германскиот БДП во 2014 година од очекуваните 1,9 проценти на само еден процент, а растот на целокупниот германски извоз ќе се преполови од 7,2 на 3,6 проценти.

Бројот на невработени повторно ќе ја надмине границата од три милиони, додека актуелните проценки за 2014 година предвидуваат 2,9 милиони невработени лица во Германија, се наведува во анализата на Институтот за светска економија во Германија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП