4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИNokia планира да ја заврши трансакцијата со Microsoft до 25-ти април

Nokia планира да ја заврши трансакцијата со Microsoft до 25-ти април

microsoftnokia000

„Nokia“ очекува финализирањето на договорот со „Microsoft“, при што американската корпорација ќе се здобие со мобилниот бизнис на финската компанија, да заврши до 25-ти април.

Договорот ги доби сите регулаторни одобренија и за неговото завршување останува само исполнување на неколку услови, соопштија од „Nokia“.

Порано се очекуваше трансакцијата да биде завршена до крајот на првиот квартал, но потоа таа беше префрлена за април, бидејќи се забави одобрението од неколку азиски регулатори.

Во септември минатата година „Microsoft“ се договори за купување на бизнисот на „Nokia“ за производство на мобилни уреди за 5,44 милијарди евра (7,2 милијарди долари). При тоа на работа кон „Microsoft“ се очекува да поминат над 30.000 соработници од финската компанија.

Производството на мобилни и паметни телефони носеше речиси половина од приходите на „Nokia“ (10.7 милијарди евра во 2013-та година). По продажбата, „Nokia“ ќе се фокусира на производство на мрежни решенија за делот „Nokia Solutions and Networks“ ( NSN ), чии приходи се намалија во текот на минатата година за 18%  или до 11,3 милијарди евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП