11 декември, 2024
ПочетнаКОМПАНИИRoche: Курсните разлики го намалија приходот

Roche: Курсните разлики го намалија приходот

roche logo8484

Швајцарскиот фармацевтски гигант „Roche“ во првиот квартал оствари приходи од 11,5 милијарди франци (9,45 милијарди евра).

Тоа е за еден процент помалку на годишно ниво, поради падот на вредноста на доларот, јенот и повеќе латиноамерикански валути.

Аналитичарите за истиот квартал предвидуваа приходи од 11,89 милијарди франци, пренесува Ројтерс.

Кога ќе се исклучат ефектите на девизните курсеви, излегува дека „Roche“ во извештајниот период остварил раст на приходите од пет проценти во однос на истиот квартал претходната година.

Во соопштението на компанијата се додава дека добрите резултати во продажбата на лекови против канцерогени болести, не успеале да го компензираат негативното влијание на девизните курсеви.

За 2014 година групацијата потврди дека очекува раст на продажбата и профитот, но не изнесе прецизни предвидувања, напоменувајќи само дека растот на профитот по акции би требало да биде поголем од растот на приходите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП