6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИАрмани плати даноци во вредност од 270 милиони евра

Армани плати даноци во вредност од 270 милиони евра

armani gorgo

Џорџо Армани го среди даночниот спор со италијанските власти, плаќајќи 270 милиони евра даноци, објави бизнис весникот „Ил Соле 24“.

Исплатите се поврзани со трите странски подружници-филијали на компанијата „мајка“, која целосно му припаѓа на кралот на модата, тврди весникот.

Периодот го опфаќа времето од 2002-ра до 2009-та година, кога компанијата ја промени стратегијата и ги врати во Италија подружниците кои се наоѓаа во странство.

Весникот тврди дека државата нема повеќе претензии кон Армани чии даночни обврски пораснале од 28.5 % во 2010-та до 44.8 % во 2012-та година.

Џорџо Армани ја основа компанијата во 1974-та година, а списанието „Форбс“ тврди дека годишниот обрт во 2013-та година бил 1,6 милијарди долари. Тие проценуваат дека богатството на 79-годишниот Армани е 8,5 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП