11 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАОткријте дали вашето работно опкружување е „отровно“

Откријте дали вашето работно опкружување е „отровно“

muskarac-new-640x426

Маркус Бакингем и Курт Кофман во книгата „First, Break All The Rules“, која е избрана за една од најдобрите деловни книги, наведуваат 12 клучни прашања чии одговори даваат увид во тоа колку е „здрава“ средината во која работиме.

Прочитајте ги следниве 12 прашања и самите заклучете во каква средина работите:

1. Дали знам што се очекува од мене на работа?

2. Дали ми е обезбедено се што ми е потребно за да ја извршувам работата како што треба?

3. Дали на работа имам можност да го работам она што најдобро умеам да гo работам?

4. Дали во претходните седум дена сум добил/а пофалби или признанија за добро завршена работа?

5. Дали шефот или било кој од вработените ме цени како личност?

6. Дали некој на работа се охрабрува од моето унапредување?

7. Дали моето мислење се зема во предвид на работа?

8. Дали работата прави да се чувствувам важно?

9. Дали моите колеги се мотивирани квалитетно да ја извршуваат работата?

10. Дали имам најдобар пријател на работа?

11. Дали некој од колегите во последните шест месеци разговарал со мене за унапредување?

12. Дали во изминатата година сум научил/а нешто на работа?

Доколку одговорот на секое прашање е потврден, имаме средина во која вработениот е ценет, почитуван, признат, охрабруван да напредува и да се усовршува, а ако на тоа ја додадеме и правилната надокнада за неговата работа, тогаш добиваме „рај на земјата“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП