Надворешната трговска размена меѓу Русија и Украина се намалила од почетокот на годината за речиси 20 проценти, ги пренесоа руските медиуми податоците на руската царинска управа.
„Русија не прави од тоа голем проблем. Наш приоритет е нормалното работење“, рече заменик директорот на руската царинска управа Владимир Малинин за руската новинска агенција „Itar-Tass“.
Тој додаде дека испораките на овошје и зеленчук, инженерските производи и градежните материјали се намалени. На руско-украинската граница не се забележани критични ситуации, напоменува Малинин.
„Бројот на царинските службеници на Крим и во Севастопол не би смеел да се намалува. Моментално таму се вработени 496 луѓе“, рече тој.
„Тој број на вработени го одобри руското министерство за финансии“, рече Малинин.