28 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАПробајте го овој супер трик пред важен настан

Пробајте го овој супер трик пред важен настан

supertrikvazen14631832315149b52d774a1523042649_orig

Од важниот состанок, интервју, презентација, предавање, настап… ве делат само 5 минути. Во стомакот не чувствувате само пеперутки, туку некои поголеми животни, главата ви е измешана од подготвениот текст, ве облева ладна пот, а вие треба да се претставите во најдобро можно светло.

Постои мал трик кој ќе ви помогне во овие преостанати пет минути…

Започнете на глас да зборувате за настанот како веќе да се случил и поминал подобро од совршено – сте ја добиле работата и платата за која не сте ни сонувале, како аплаузот бил огромен, сте добиле максимална поддршка и сите биле воодушевени од вас.

Според психологот Кајли Сиз говорот е „визуелизација на стероиди”. Додека зборувате како се супер и успешно поминало, вашиот мозок ги прима тие информации, ги испраќа до вашето тело и му вели дека повеќе нема причина за стрес.

Кога само би си ја замислиле оваа ситуација без гласно да ги изговарате зборовите, мозокот може да каже „Еј, но тоа не се случи“. Вие со помош на зборовите на некој начин му попречувате во тоа и ги блокирате неговите сензори кои ја регистрираат реалната состојба.

Пробајте го овој едноставен и корисен трик, следниот пат кога ќе се најдете во тие ужасни пет минути.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП