28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЗголемен профитот на Мишелин

Зголемен профитот на Мишелин

Michelin2

Францускиот производител на гуми „Мишелин“ лани го зголеми својот профит за 7,5 отсто, наспроти проблемите на пазарот за автомобили во Европа, соопшти компанијата, нагласувајќи дека и оваа година очекува исто успешна продажба.

„Мишелин“ наведува дека добри резултати остварил поради растот на продажбата на пазарите во развој и високите маржи на некои посебни видови пневматици.

Компанијата во 2012 остварила приходи од 21,47 милијарди евра, што е за 5,8 отсто повеќе во однос на 20,72-те милијарди од 2011, но и нешто под очекувањата на аналитичарите од 21,62 милијарди.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП