28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРоманија ќе извезува електрична енергија во Албанија во вредност од една милијарда...

Романија ќе извезува електрична енергија во Албанија во вредност од една милијарда евра годишно

elektrichna555

– Романија ќе извезува електрична енергија за Албанија во вредност од една милијарда евра годишно, согласно договорот кој вчера го постигнаа романскиот министер за економија Константин Ница и албанскиот министер за економија Арбен Ахметај.

– Министерот за економија Константин Ница преговараше и се ракуваше со неговиот албански колега во врска со договорот за една милијарда евра годишно. Договорот предвидува извоз од 2,5 терават час електрична енергија годишно, изјавија денеска владини претставници.

Деталите околу договорот и изворите на енергија ќе бидат разгледани во престојниот период.

Според извештаите на Националната агенција за регулирање на електричната енергија потребите од електрична енергија во Романија изнесуваа 49,6 терават час минатата година, односно количината, која ќе биде извезувана во Албанија ќе претставува пет проценти од потребите на Романија во 2013 година.

Во истовреме лани земјата произвела 55,7 терават час електрична енергија, а Романија извезла лани 2,47 терават час струја.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП