18 септември, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМинималната потрошувачка кошница во Црна Гора изнесува 792 евра

Минималната потрошувачка кошница во Црна Гора изнесува 792 евра

potroshuvachi56468786hiugiug

Минималната потрошувачка кошница во Црна Гора во март изнесуваше 792,4 евра, што е за 0,2 проценти повеќе отколку во февруари, соопшти Монстат, Заводот за статистика.

Вкупната вредност на минималната потрошувачка кошница во март во однос на истиот период минатата година е намалена за 1,2 проценти, додека во однос на декември е намалена за 0,7 проценти.

Од вкупната вредност на минималната потрошувачка кошница во март за храна и безалкохолни пијалоци се трошеле 249,2 евра, а на непрехрамбени производи и услуги 348,2 евра

Вредноста на минималната потрошувачка кошница за храна и пијалоци во март во однос на февруари е зголемена за 0,4 проценти. Вредноста на минималната потрошувачка кошница за непрехрамбени производи и услуги во однос на февруари исто така незначително се зголемила.

Просечната плата во Црна Гора изнесува 479 евра, а просечната пензија 278 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП