28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНамален кредитниот рејтинг на Словенија

Намален кредитниот рејтинг на Словенија

slovenija1

Американската рејтинг агенција „Стандард енд пурс“ ги намали за еден степен, од А на А минус, кредитниот рејтинг на Словенија.

Причина за оваа одлука се тешкотиите, со кои земјата се соочува во надминување на политичката криза. Рејтинг агенцијата ги спомена поделбите во десноцентристичката владејачка коалиција и притисокот врз премиерот Јанез Јанша поради упатените кон него обвиненија за корупција.

Во соопштението на агенцијата се посочува дека перспективите за кредитниот рејтинг на Словенија остануваат стабилни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП