7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПутин: Рубљата што поскоро на Крим

Путин: Рубљата што поскоро на Крим

putin1473510135534fac56627f0518414165_640x472

Рускиот претседател Владимир Путин вели дека Русија ќе го забрза процесот за премин на банкарскиот систем на Крим на рубљата.

Тоа ќе биде направено во рамките на настојувањата целосно да се интегрира полуостровот кој минатиот месец беше примен во составот на Руската Федерација.

По референдумот на 16 март на кој граѓаните на Крим гласаа за спојување со Русија, тој полуостров ја прогласи рубљата за официјална валута и започна со исплата на плати и пензии во таа валута, пренесува Ројтерс.

„Ситуацијата во банкарскиот сектор сеуште не е целосно решена. Ќе се обидеме да разговараме со украинските партнери додека не пронајдеме решение. Прометот на украинската гривна веќе е ограничен, така што не ни останува ништо друго освен да започнеме со забрзано циркулирање на рубљата“, изјави Путин.

Според него, ќе биде потребно време од околу еден месец за воспоставување на мрежи и отворање на потребниот број на банкарски сметки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП