Производствените цени на германскиот пазар во март се намалија за 0,3 проценти на месечно ниво, додека во однос на истиот месец во 2013 година тие се помали за 0,9 проценти, објави германскиот Федерален завод за статистика.
Еден месец претходно, цените останаа стабилни во однос на јануари, додека на годишно ниво беа намалени за 0,9 проценти, пренесува Ројтерс.
Економските експерти за март предвидуваа стабилни цени на месечно ниво и пад од 0,7 проценти во однос на март 2013 година, пренесува Ројтер.