Американската информатичка компанија „IBM“ во првиот квартал од оваа година оствaри пониски резултати од оние кои првично беа очекувани.
Успехот во секторот за услуги за компјутерски софтвери не успеа да ја надомести слабоста на секторот за услуги за складирање на податоци.
Во периодот јануари-март, овој компјутерски гигант забележа приходи од 22,5 милијарди долари, со пад од четири проценти, додека аналитичарите во просек предвидуваа 22,91 милијарди долари приходи, пренесува Ројтерс.
Нето профитот во извештајниот квартал изнесувал 2,38 милијарди долари, или 2,29 долари по акција, во однос на 3,03 милијарди во истиот период една година претходно, односно 2,7 долари по акција.