2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКуба во потрага по инвеститори

Куба во потрага по инвеститори

kuba-investitori654rg4er

Куба го објави текстот од новиот закон кој таа земја треба да ја направи поатрактивна за странски инвестиции и да и го обезбеди исклучително потребниот странски капитал.

Мерките предвидени со закон вклучуваат даночни олеснувања и гаранции за имотот за странските инвеститори. Во нив се дефинирани и арбитражните процедури и работното законодавство поврзано со проектите финансирани од странство.

Законот минатиот месец беше усвоен од кубанскиот парламент и тогаш на јавноста и беа претставени основните начела, а денес тој официјално е објавен и во Службен весник.

Законот ќе стапи на сила на крајот на јуни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП