Марката „Praktiker“ на германскиот синџир на продавници од типот „направи сам“ може да продолжи да живее и откако од компанијата „мајка“ објавија дека во главниот нејзин бизнис во Германија ќе биде прогласен банкрот.
Брендот е прогласен за продажба, изјави Холгер Фоскул, портпарол на синдикатот „Кристофер Сигон“, потврдувајќи ги информациите на германското списание „Wirtschaftswoche“. Оваа недела се очекува да почне и самиот процес на продажба.
Според бизнис магазинот, многу заинтересирани веќе покажаа интерес кон марката. Според запознаени со случајот веројатно конкуренти од истиот сектор ќе се обидат да го купат брендот, пишува весникот „Стандард“.
Како можни кандидати според „Wirtschaftswoche“ се споменуваат повеќе исплатливи агресивни онлајн трговци.