25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРаст на инфлацијата во Австрија

Раст на инфлацијата во Австрија

avstrih65h45

Инфлацијата во Австрија во март оваа година изнесуваше 1,6 проценти, соопшти Статистичкиот завод на Австрија.

Во февруари инфлацијата изнесуваше 1,5 проценти, а на нејзиниот раст во март влијаеше поскапувањето на намирниците и безалкохолните пијалоци.

За зголемување на инфлацијата придонесе и зголемувањето на даночните стапки на осигурувањето на автомобили во согласност со кубикажата на возилата.

Растот на цените на намирниците и трошоците за живот се „одговорни“ за две петтини од инфлацијата, бидејќи намирниците и безалкохолните пијалоци во просек поскапеле за 2,4 проценти. Истовремено, поголемиот скок на инфлацијата го спречија поевтините парчиња на облека, како и горивото.

Микро-потрошувачката корпа, која го вклучува дневното купување, поскапе за околу 3,9 проценти. Поскапувањата, според европскиот хармонизиран индекс на потрошувачки цени, во март изнесувале 1,6 проценти, по февруарските 1,5 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП