28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕкономијата на Британија во петта брзина

Економијата на Британија во петта брзина

velikabritanija1

Стапката на невработеност во Велика Британија изнесуваше 6,9 проценти во периодот од јануари до март, што е најмалата стапка во последните пет години.

Како што соопшти Заводот за статистика, стапката на невработеност под седум проценти е референтна за одлуката на Централната банка околу евентуалното зголемување на каматната стапка.

Гувернерот на Централната банка Марк Карни изјави дека на почетокот на годината ќе ја разгледа политиката кога стапката на невработеност ќе се намали на ниво под седум проценти.

Заводот наведува дека во март имало 1,14 милиони невработени, односно 30.400 помалку отколку три месеци претходно, што е најниското ниво уште од ноември 2008 година.

Стапката на невработеност брзо се намалува бидејќи економското закрепнување на Велика Британија е едно од најбрзите во Европа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП