28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКоридорот 8 и третите пазари приоритет во македонско-бугарската соработка

Коридорот 8 и третите пазари приоритет во македонско-бугарската соработка

makbugstpkom8F8B7EABFFE5C11BFCCE915241213315

– Бизнис елитите од Македонија и Бугарија повеќе да ја развиваат економската соработка и да се занимаваат со Коридорот 8, а не со копање по историјата, да се свртат кон иднината – остварување трговска размена од една милијарда евра, креирање заеднички производ и освојување трети пазари.

Ова е пораката од денешното Годишно собрание на Македонско-бугарската стопанска комора (МБСК).

Како што беше констатирано, лошите инфраструктурни релации се клучната причина поради која размената меѓу двете земји подолго време е на исто ниво од околу 700 милиони долари.

– Инфраструктурата е во очајно лоша состојба и според актуелните прокеции нема да се подобри до 2022 година. Тоа на конкурентите им дава огромна предност. Автопатот низ Грција го скратува за цел еден ден транспортот на товарните возила од Турција кон Драч, истакна претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески.

Азески смета дека е неопходно да се институционализира тело кое ќе ги решава бариерите на македонско-бугарските граници.

– На наше делумно задоволство Владата објави рестартирање на обновата и изградбата на железничката пруга Куманово – Гуешево. Но, ние мислиме дека е побрзо и поефикасно да се изгради автопат кон Софија. Тоа е заеднички инвестициски проект што би имал економска одржливост и исплатливост и би придонел за раздвижување ма економскиот развој и трговската размена, посочи претседателот на МБСК Зоре Темелковски.

Осврнувајќи се на планираните коморски активности, Темелковски нагласи дека приоритети остануваат обезбедувањето услови за заедничка енергетска политика особено околу стратегиските одлуки за гасоводот, формирањето заеднички инвестициски фонд за кредитирање на извозно-ориентираните компании, како и иницирањето интензивни деловни комуникации преку организирање бизнис форуми во Штип и Софија.

Темелковски оцени дека се побројни се македонските фирми кои отвораат производни капацитети во Бугарија, но се уште нам доволно активност за привлекување инвеститори и капитал од Бугарија.

– Двете бизнис заедници не ги користат шансите што ги има Бугарија како членка на ЕУ.

Мораме од нашиот источен сосед да направиме вистински лобист не само за евроинтеграциите, туку и за достапност на големите фондовски потенцијали за кредитирање и искористеност на средства од Европската комисија, рече претседателот на МБСК.

Трговската размена меѓу Македонија и Бугарија лани достигна 690,7 милиони долари што е речиси исто ниво како во 2012-та. Дефицитот од 40,6 милиони покажува релативна избалансираност. Според стопанствениците, Бугарија е наш шести трговски партнер, а размената, околу половина, е сведена на извезување обоени метали и увезување нафтени деривати што покажува дека има простор за подобрување на трговијата во многу други области.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП