2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГодишните приходи на SABMiller зголемени за три проценти

Годишните приходи на SABMiller зголемени за три проценти

SABmiller_1nh87tyg87gt4t34h

Вториот светски производител на пиво, „SABMiller“ во минатата година забележа раст на приходите од продажбата за три проценти, благодарение на зголемувањето на обемот на продажбата на пиво и безалкохолни пијалоци.

Оваа мултинационална компанија со седиште во Лондон оствари вкупен раст на продажбата од два проценти, при што продажбата на пиво се зголеми за еден процент, а продажбата на безалкохолни пијалоци за пет проценти, пренесува Ројтерс.

Во сопштението се наведува дека групацијата во моментот ги разгледува различните опции за своето учество во капиталот на африканската хотелиерска групација „Tsogo Sun Holdings“ кое се проценува на околу милијарда долари (724 милиони евра).

Компанијата додава дека активностите во рамките на оваа африканска компанија се оценети како нестратешки и дека во согласност со тоа ќе биде донесена и одлуката.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП