13 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНето профитот на Alrosa намален за пет проценти

Нето профитот на Alrosa намален за пет проценти

alrosa diamond

Нето профитот на групацијата „Alrosa“, светскиот лидер во производство на дијаманти, е намален во минатата година за пет проценти во споредба со 2012-та година, сметано според меѓународните сметководствени стандарди тој изнесува 31,8 милијарди рублји (883 милиони долари).

Според компанијата, основната причина за падот на профитот е зголемувањето на загубата поради курсните разлики.

Приходите на „Alrosа“ во 2013-та година пораснаа за 12 проценти или на 168,5 милијарди рублји, првенствено од зголемувањето на обемот на продажба на дијамантите во карати, која е зголемена за 15 проценти или на 38 милиони карати, што го компензираше отсуството на раст на цената на дијамантите.

Показателот „EBITDA“ (добивката пред данок, каматата и амортизацијата) порасна за 12 проценти или на 69,1 милијарди рублји и е резултат на растот на бруто приходот од продажбата на дијаманти.

Групацијата „Alrosa“ минатата година, покрај зголемувањето на прихдот го задржа и високот ниво на профитабилност. Во цел обем се реализирани плановите за отворање на нови производни капацитети и модернизација на постоечките. Успешното пласирање на акциите на берзата покажа високо ниво на доверба кај инвеститорите во компанијата и перспективен раст на нејзината капитализација, истакна претседателот на групацијата, Федор Андреев.

„Alrosa“ од почетокот на оваа година врати повеќе од 300 милиони долари долг и сега нивниот долг изнесува 3,76 милијарди долари, што е за девет проценти помалку од крајот на 2013-та година.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП