26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕгипет: Пад на приходите од туризмот за 43 проценти

Египет: Пад на приходите од туризмот за 43 проценти

egypttourism559979746d4g4rd6g4hr

Египетските приходи од туризмот се намалени за 43 проценти во првиот квартал од 2014 година, на 1,3 милијарди долари, изјави денес Адела Рагаб, економскиот советник на министерот за туризам.

Секторот туризам претрпе голема штета од политичката нестабилност која настана по народниот бунт и смената на претседателот Хосни Мубарак во 2011 година.

Рагаб изјави дека околу 15 земји објавиле предупредувања за своите граѓани да не патуваат во Египет по бомбашкиот напад на автобус со туристи од Јужна Кореа во акцијата на исламските екстремисти и убиството на тројца странци.

Рагаб додаде дека бројот на туристи во Египет во првиот квартал е намален за 30 проценти, на два милиони луѓе.

Туристичкиот сектор минатата година оствари приход од 5,9 милијарди долари, што е за 41 процент помалку отколку во 2012 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП