3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗабавува растот на втората светска економија

Забавува растот на втората светска економија

kina1673530951534e2cdc5f986242244081_640x454

Кина забележа економски раст од 7,4 проценти во првиот квартал, покажуваат официјалните податоци, со што се потврдува забавувањето на растот на втората по големина светска економија. Растот на БДП во последниот квартал од 2013 изнесуваше 7,7 проценти.

Кинеските власти се обидуваат земјата да ја стават на пат на мирен но одржлив раст, без загуба на работните места.

Пекинг предвиде раст од 7,5 проценти за 2014 година, што е најниската стапка на раст за последните 25 години.

Индустриското производство во март порасна за 8,8 проценти во однос на истиот месец минатата година, што е пониско од очекувањата на аналитичарите. Тоа е само незначително зголемување во однос на растот од 8,6 проценти во првите два месеци од оваа година, што е најбавниот раст во последните пет години.

И покрај забавувањето на кинеската економија, кинеските власти ја повторија намерата да продолжат со амбициозната програма за реформи чија цел е да го урамнотежи моделот на раст.

Пекинг сака да ја поттикне домашната потрошувачка и да го зајакне приватниот сектор, да ја намли зависноста од извозот и инвестициите во инфраструктурата и да го елиминира монополот на големите јавни групи и преголемите капацитети на индустрискиот сектор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП