28 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАГугл развива контактни леќи со камера

Гугл развива контактни леќи со камера

iOptik-Google

Американскиот технолошки гигант „Гугл“ развива патент за контакт леќи што може да фотографираат и пренесуваат фотографии на смартфони или некој друг уред.

Новите „паметни“ леќи од Гугл ќе се контролираат со трепкање.

Според „Гугл“ новите леќи на луѓето ќе им дадат некои надчовечки способности како што е промена на фокусот и поголем агол на гледање.

„Гугл“, исто така, опишува ситуација од секојдневниот живот, во која човек со оштетен вид се приближува до крстосница.

Тој без Гугл леќите нема да може да види дека се приближува брз спортски автомобил, но доколку носи паметни леќи ќе добие аудио предупредување од својот смартфон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП