6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРекордна инфлација во Индија

Рекордна инфлација во Индија

indiabank1869682698534d635425f9b172602449_640x418

Инфлацијата во Индија во март забрза на тримесечен максимум, покажаа официјалните податоци во Њу Делхи.

Инфлацијата така ги изгаси надежите дека каматните стапки ќе бидат намалени, како еден вид на поттик за економијата.

Индексот на големопродажните цени, тесно следен индикатор за трошоците за живот во Индија, се зголеми минатиот месец за речиси 0,5 проценти во однос на претходниот месец, достигнувајќи ниво од 5,7 проценти, во однос на 5,3 проценти колку што очекуваа аналитичарите, пренесува Франс прес.

Инфлацијата е многу чувствително политичко прашање за индиската влада, која стравува од револтираните гласачи и очајнички се обидува да го запре растот на цените кој создава сериозни проблеми за стотици милиони сиромашни гласачи во Индија, бидејќи ја намалува нивната куповна моќ.

Растот на инфлацијата значи дека евентуалното сегашно намалување на каматните стапки не доаѓа во предвид, изјави Глен Левин од агенцијата „Moody’s“.

Мартовската инфлација, која е највисока од декември, е поттикната со растот на бројни производи, вклучувајќи ја храната, горивото и производите од преработувачката индустрија. Оризот поскапел за 12,6 проценти на годишно ниво, зеленчукот за 8,6 проценти, а горивото за 11 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП